Добра вечер народе. Јас прв пат пишувам на форум со мојот сегашен псевдоним (No-Name). Сакам да ве известам дека се кандидирав за селектор на сениорската репрезентација на Македонија. Кратка историја, со минатиот тим имав постигнато многу успеси, бев рангиран како 2 тим во Македонија и мнногу блиску до првата позиција. Исто така со мојот сегашен тим сум во нагорна линија, моментално сум на 4 позиција со претензии за поголеми успеси во наредната сезона и се разбира подобро да котирам. Мојот желба за репрезентацијата е да покажиме дека сме силни на BB исто колку што сме силни и во реалноста и да постигнеме сличен успех на нашите легенди Илиевски, Антиќ, Бо и тн. се разбира предводени од нашиот Докузовски. Сите менаџери ке добиете ист третман и нема да форсирам никој (тој што заслужува, ке биди во ростер). Секако за тактиките ке разговараме и ке прифаќам мислење од сите менаџери, но последниот збор ке го имам јас, нормално како и секој селектор. Ако ја добијам вашата доверба, ке направам стручен штаб од стручен штаб од млади и амбициозни менаџери кои ке секаат да помогнат и да научат нешто плус. Сакам да ви се заблагодарам за одземеното време, бидејќи малку е долго моето обраќање. Сечија поддршка ќе ми значи.
Со почит, No-name.