Ви благодарам најпрво за честитките.
Во врска со тоа дали е подобро да се игра со 5 играчи или со резерви можам да кажам само некои факти:
Доколку моите играчи немаа високо ниво на издржливост можам да се обложам дека ќе изгубев, а да не зборам дали е подобро да се игра со 5 или повеќе играчи ако го вклучам и ризикот од евентуална повреда или 6 лични на било кој од тие 5 стартери бидејќи тоа би било крај за мене.
Гари, што се однесува до тоа дека нонстоп играм исти играчи на исти позиции и исти тактика и дека очигледно е со кој состав ке испаднам незнам зошто не е интересно. Па и во НБА можам да ти кажам со кој состав и која петорка ке испадни бил кој тим и каква игра ќе форсира, едноставно сум приморан поради ограничениот број на квалитетни играчи.
А за тоа дали собирам пари за 1 квалитетна сезона, сигурно и тоа е начин за успех а дали тој начин за освојување титула прави задоволство можам да ти кажам дека прави особено кога ќе стигнеш до титулата. Постојат уште илјада начини за успех и уште безброј менаѓери кои го бараат за нив вистинскиот начин.