И јас го приметив Allstar. Боде очи ептен. Нема превод на македонски за тој термин. Кај нас има само фонетска кирилична транскрипција - Олстар. Ние, постарите играчи би се навикнале брзо, меѓутоа за новите играчи на ББ ќе биде проблем кога ќе видат во составот играчи со потенцијал Олстар. Веројатно ќе им предизвика проблеми. Можеби и нема :) Сепак, освен Олстар, друг превод тешко дека ќе најдеме.
Покрај тоа има една чудна тенденција на преводот на деноминациите за способностите на играчите. Во финалната верзија на македонски, легендарен е скил со вредност 17, што е многу различно од првичната и актуелната англиска верзија каде legendary е 20+ т.е највисок скил. Предлагам комплетно ревидирање на деноминациите. Јас мислам дека не треба премногу да импровизираме за да го задржиме белегот на ББ. Нема потреба да бараме преводи за зборови кои и кај нас се познати. На пример, Sensational = сензационален (зошто брилијантен?), phenomenal = феноменален (зошто епски?), и legendary = легендарен (зошто совршен?). Понатаму, „average“ на македонски се преведува како „просек, просечен“, и никако друго. Average никогаш неможе да биде „недоволен“. Исто така proficient е многу подалеку од зборот „одличен“, а многу подобро се преведува како „вешт“. Понатаму, prominent или проминентен е нешто што отскокнува, или се истакнува, предничи пред другите особини и затоа предлагам да биде „истакнат“. За atrocious ставен е превод „непостоечки“ - непостоечки во англискиот јазик се преведува како non-existing. Atrocious најдобро е да се преведе како катастрофален.
Еве го мојот предлог за превод на деноминациите (лево се сегашните, во средина англиските, десно е мојот предлог - предлози).
Непостоечки - atrocious - катастрофален
Катастрофален - pitiful - јаден
Очаен - awful - очаен
Јаден - inept - слаб
Слаб - mediocre - недоволен
Недоволен - average - просечен
Просечен - respectable - за почит
Добар - strong - силен
Одличен - proficient - вешт
Силен - prominent - истакнат, впечатлив
Исклучителен - prolific - исклучителен, извонреден
Брилијантен - sensational - сензационален
Фантастичен - tremendous - неверојатен
Светска класа - wondrous - магичен, волшебен, чудесен
Натприроден - marvelous - натприроден
Величенствен - prodigious - величенствен
Легендарен - stupendous - одушевувачки, ѕверски
Епски - phenomenal - феноменален
Волшебен - colossal - колосален, титански, џиновски
Совршен - legendary - легендарен
Отварам расправа...
P.S. Имам некои ситни технички забелешки (интерпукциски) на текстот на преносот на натпреварите ама тоа лесно се исправа. Деноминациите се поважни.
Last edited by Onisifor at 1/7/2010 10:35:53 AM