..факт е дека тие се тренираат подеднакво без оглед на возраста па затоа не се земаат во предвид за вакви награди. Секој треба да си посветува по малку внимание на издржливоста и слободните фрлања (особено ако неговите играчи се слаби на овие скилови), но тоа не треба да е тренинг фокус сред сезона. Тоа се тренира 1-2 недели по сезона обично за време на allstar-от или плејофот.
Да скиловите издржливост и слободни напредуваат и во поодминати години ама верувај не е исто. Рентереира го имав 3-4 сезони на возраст 28-32 години и не успеав да му го подбрам скилот за слободни кој беше очаен иако имав 3-4 обиди за тоа. Се согласувам и со тоа дека кога се помлади треба да се форсираат другите скилови а издржливост и слободни треба да се тренираат исклучиво во оние 2-3 недели кои ги спомна кога имаме 2 натпревари во неделата и тоа треба да им се потенцира на менаџерите кои ги тренираат играчите а не да ги направиме безначајни овие вештини од страв дека менаџерите ќе претераат со нивен тренинг.
Еве мој предлог околу овие награди кои целосно ги подржувам и треба да продолжат.
А.
Вреднување на скиловите.Останувам на мислење дека треба да се вреднува издржливоста, слободните фрлања па и искуството.
Би можеле да ги поделиме скиловите на играчите во 3 групи и соодветно да ги вреднуваме. Највреднувани зелени стрелки би требало да бидат оние кои се добиваат преку еднопозициски тренинг, а најмалку оние кои најлесно и најбрзо се добиваат, како што се слободни и издржливост, па рангирањето би било следно:
1:
Надворешна Одбрана, Надворешен Шут, Додавање( посебно важни кај ниските играчи),
Внатрешна Одбрана, Внатрешен Шут, Блокирање (посебно важни кај високите играчи)
2:
Скок Шут, Техника, Продорност и Скокови
3:
Издржливост, Слободни фрлања, Искуство
Треба само да се договориме со кои коефиценти ќе се множат овие групи, дали ќе одиме со: 3-2-1, 4,5 - 3 - 1,5 или нешто слично.
Напомена: Техниката е ставена во втората група иако може да се тренира еднопозициски бидеќи релативно брзо се подобрува и при тренинг продорност, а скоковите би требало повеќе да се вреднуваат кај високите играчи. Искуството исто така треба да се вреднува бидеќи е важен дел од секој играч и треба со тоа да се наградат оние менаџери кои им дале шанса на своите таленти да играат лигашки натпревари на сметка на резултатите на тимот.
Б.
Кога треба да доделуваат наградите ?Изгледа најдобро е да си остане како што беше досега непосредно после официјалните натпревари на У21 тимот но скиловите кај 19 и 20 годишните треба да се сметаат од моментот кога се доделиле претходните награди до моментот кога ќе се доделат новите награди а не од почетокот на сезоната и мислам дека треба да се награди и по некој 21 годишен ако добро напредувал и има потенцијал 8+.
Last edited by Dadimo at 2/7/2012 7:03:42 AM