BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > U21 Makedonija

U21 Makedonija (thread closed)

Set priority
Show messages by
This Post:
00
149768.18 in reply to 149768.17
Date: 7/27/2010 3:42:31 AM
Overall Posts Rated:
203203
So Xsago razmisluvavme koja taktika ke ja igraat Islangjanite vo napadot. I pokraj toa sto nivnite "skapi centri" bea vo forma 9 nie resivme da odime vo odbranata covek na covek, namesto 2-3 zona zaradi moznosta oni da igraat "iznenaduvacki" nadvoresen napad. Ispadna deka sepak oni resile da igraat nadvoresno i nasata odbrambena taktika se pokaza kako dobro resenie. Timot na Island e mnogu dobar, a nivnata forma navistina pretstavuvase problem. Moeto istrazuvanje sugerirase deka Islangjanite imaat deficit vo dodavanjata. Pretpostavuvav deka i bekovite im se slabi na dodavanje i poradi toa oni ne bi igrale pod kosot. Od site ovie pricini, definitivno covek na covek bese odbrana koja dobro ja pogodivme.
Za napagacka taktika bevme soglasni deka nadvoresen napad bi bilo idealno resenie. Protiv nivnite centri vo forma 9 ke bese pogubno da se odi so vnatresen napad. Dopolnitelno, nie ja sledime i formata na nasite igraci koi ne bea povikani vo reprezentacijata. Novi igraci vo U-21 se Blerian Mishaxiu, Temelko Golaboski i Dime Vidinovski. So Mishaxiu, Lazarov i Borjanovic formiravme solidno startno trio na poziciite plej, bek i krilo, koi so nivnite izmeni, Stefanovic, Golaboski i Zhillagu uspesno ja odigraa nadvoresnata taktika. Visokite igraci Vidinovski, Bozkir, Bambusta i Ignjatov isto taka dobro ja zavrsija svojata zadaca.
Na kraj, taktikata za napad na Island ne bese problem za nas, ne samo zatoa sto nasite bekovi se dobri vo odbranata i taktikata bese dobra, tuku i zaradi faktot sto za dvizenje-flex (motion) na nivnite igraci im treba dobro nivo na dodavanje, a tie toa go nemaat.

Sumirano: domasen teren, nasa dobra napagacka i odbrambena taktika, i nivna losa taktika vo napadot go dade rezultatot pobeda za Makedonija.

Dopolnuvanje: novite igraci vo reprezentacijata, Mishaxiu, Golaboski i Vidinovski se igraci koi minatata sezona bea dobitnici na nagradite. Menagerite prodolzija da gi treniraat i rezultatot na toa e povik vo U-21 timot. Vo reprezentacijata ima mesto za uste 4 novi igraci i ovie prazni mesta postepeno ke gi popolnuvame. Trenirajte gi vasite 18, 19, 20 i 21 godisni makedonski igraci (ili ako ne gi trenirate prodavajte gi za drug da gi zeme i da gi trenira) i mozebi tokmu nekoj od niv ke vleze vo timot. Ako sakate da trenirate, a vi treba sovet, kontaktirajte me mene i dimac za sovet za visoki igraci (od 201 visina) ili Xsago i dadimo za sovet za niski igraci (do 198 visina).

Sledniot natprevar na nasiot tim e na gosti protiv Mexico. Vasite soveti i sugestii slobodno predlagajte gi na ovaa tema na forumot.

Message deleted
From: Onisifor

This Post:
00
149768.20 in reply to 149768.19
Date: 7/29/2010 7:56:41 PM
Overall Posts Rated:
203203
Koga objavuvate postovi nadvor od temata na forumot toa se smeta za spamiranje. Spamiranjeto e zabraneto i se kaznuva. Ovojpat samo opomena.

Ova tema e za diskusii povrzani so makedonskata U21 reprezentacija vo BuzzerBeater. Za postovi od opsti temi (realna kosarka, drugi sportovi, drugi muabite i slicno) i koi ne se povrzani so BuzzerBeater koristite go forumot Non-BB Makedonija /community/forum/read.aspx?thread=150483&m=1.

This Post:
00
149768.21 in reply to 149768.20
Date: 7/29/2010 8:16:42 PM
Overall Posts Rated:
203203
Нашиот следен противник е тимот на Мексико У-21. Се работи за одличен тим кој во претходното коло извојува победа на гостински терен против најсилната екипа во нашата група, Швајцарија. Сето ова значи дека после историскиот резултат против Хрватска, ова ќе биде најтешкиот тест за нашиот млад состав.

Натпреварот е закажан на 8/3/2010 во 3 часот по полноќ и за ноќните птици овде е местото на директниот пренос: (11475).

Во пресрет на натпреварот можеме да коментираме за можните тактики против Мексиканците. Па, што мислите?

P.S. Подетално за овој натпревар утре по апдејтот на формата на играчите...

This Post:
00
149768.22 in reply to 149768.1
Date: 8/16/2010 8:35:06 AM
Overall Posts Rated:
203203
U21 играч е на трансфер листа (12173805)
Тренерите на бекови би требало да бидат заинтересирани.

This Post:
00
149768.23 in reply to 149768.22
Date: 8/23/2010 5:38:22 AM
Overall Posts Rated:
203203
Makedonija U21 Vs. Macau U21
Почетокот на средбата е во 12.00. Натпреварот го играме на гостински терен, против „младиот тим“ на Macau.

Macau (Макао) е еден од двата специјални административни региони на Кина (другиот е Хонг Конг). Претходно била португалска колонија, а по 20 декември 1999та година станува составен дел на Кина. Во рамките на најбројната држава на светот, се' до 2049тата година ќе функционира како област со висок степен на автономија - има свој правен систем, своја полиција, свој монетарен систем, своја царина, иселеничка политика и претставници во меѓународните организации. Економијата на Макао се врти околу туризмот и нивната текстилна индустрија; претставува популарна коцкарска дестинација. Во Макао денес живеат околу пола милион жители, а официјални јазици се кинескиот и португалскиот. Најпопуларен спорт е хокеј на ролери (Roller hockey).

Во светот на ББ, Макао е мала земја, со 41 активни корисници. Нивната У21 репрезентација е рангирана на 93 место. Оваа сезона имаат само една победа, против екипата на Грузија, но во тој натпревар грузијците пропуштија да постават играчи.

Типуваме и очекуваме нова победа во пресрет на последниот натпревар од првата фаза.
Натпреварот можете да го следите во живо на ова место: (11583)

Last edited by Onisifor at 8/23/2010 5:40:47 AM

This Post:
00
149768.24 in reply to 149768.23
Date: 8/23/2010 7:47:01 AM
Overall Posts Rated:
203203
Рутинска победа од 108 - 85 на крајот. Испробавме нова варијанта, со Арнаудовски како стартен плејмејкер и тој навистина добро се покажа со 12 асистенции за 36 минути игра. На тоа придодаде уште 13 поени и 6 скока, за севкупно да биде прогласен за играч на натпреварот.

Сега ги чекаме резултатите од останатите натпревари и конечно да видиме дали после оваа победа и официјално го резервиравме пласманот во најдобрите 32 репрезентации.

From: Xsago

This Post:
00
149768.25 in reply to 149768.24
Date: 8/23/2010 7:54:24 AM
Overall Posts Rated:
128128
Cestitki!!! Pobeda vo ramkite na ocekuvanjata odime natamu.

This Post:
33
149768.26 in reply to 149768.25
Date: 8/30/2010 1:23:56 PM
Overall Posts Rated:
203203
Македонија У21 се пласираше во топ 32 репрезентации од утешниот турнир
Со победата против Венецуела, (11626) во последното коло од натпреварите во првата фаза, Македонија У21 го осигура местото меѓу најдобрите 32 тима во утешниот турнир. Во нокаут фазата, најверојатно наш противник ќе биде У21 Шпанија, земја со 5698 активни тимови, и еден од најголемите фаворити за победник во утешниот турнир.

Нека ни е честит пласманот во завршницата и нека ова претставува позитивен пример за нашите идни настапи.

This Post:
00
149768.27 in reply to 149768.26
Date: 8/30/2010 9:38:23 PM
Overall Posts Rated:
203203
Според моите пресметки, во 1/16 финалето ќе играме против Австрија. Но, ќе видиме утре на ажурирањето на податоците.

Edit: Се потврди мојата пресметка. Нашиот противник во 1/16 финалето е У21 Австрија.
Австрија (официјално Република Австрија) е земја од Централна Европа, која брои околу 8,3 милиони жители. Најголем дел од нејзината територија е планинска поради присуството на Алпите, и само 32% од целата територија е на надморска височина пониска од 500 м. Австрија е земја со висок животен стандард и 12та најбогата земја во светот во поглед на GDP по глава на жител. Главен град е Виена.

Во светот на ББ, Австрија е земја која брои вкупно 164 активни тимови, распоредени во 5 дивизии. Нивен најпознат менаџер е GM-Josef Ka, авторот на популарната програма за помош во BuzzerBeater, CoachParrot. У21 тимот на Австрија оваа сезона бележи добри резултати во рамките на утешниот турнир со вкупен скор од 7 победи и само 1 пораз. Нивен селектор е менаџерот Huaba (41721) кој се натпреварува во австриската бундеслига. Најдобар и најталентиран играч во нивниот тим е центарот Paul Kitzler (10909704) кој во моментов има добра заработка од $ 68 720/неделно. Паричниците на нашите играчи можеби не се толку полни, но сигурно дека имаат богата душа и лавовско срце. Се гордееме со нашите младинци.

Натпреварот го играме на гостински терен, во арената Slippery Parquet која е со капацитет од 17520 седишта /team/41937/arena.aspx. Да се надеваме дека овој паркет ќе биде полизгав за Австријците. Нашиот историски прв настап во завршницата на утешниот турнир можете да го следите во живо, на 9/6/2010 со почеток во 6:30:00 PM, и директно на ова место: (11860)

Last edited by Onisifor at 8/31/2010 4:12:47 AM

This Post:
22
149768.28 in reply to 149768.27
Date: 9/21/2010 12:27:59 AM
Overall Posts Rated:
203203
Почитувани менаџери од ББ-Македонија, бидејќи завршија компетитивните натпревари, редно е пред вас да го презентирам извештајот за мојот мандат како селектор на младинската репрезентација во изминатите 2 сезони.

Принципи по кои се водеше тимот беа:
1. Тимска работа => заедно со скаутите Xsago, LA-dimac, Mr.Todosiev, dadimo и царот формиравме добар тим во кој секој доби конкретна задача.
2. Избор на вистински играчи во У21 тимот => платата не ми беше основниот критериум
- балансирани играчи со добри секундарни вештини;
- различни играчи: на пример, нас не ни требаат сите центри да се слични еден на друг. Со различни типови играчи имаме можност за повеќе тактички варијанти.
3. Редовно контактирање со менаџерите преку ББ пораки
4. Редовно комуницирање со целата заедница во ББ-Македонија преку форумите
5. Краткорочна стратегија
- Краткорочната стратегија беше да направиме добри резултати на натпреварите и подобрување на нашата позиција на светската ранг листа. Како мала ББ земја, со ограничени ресурси, моравме да вложиме екстра напори со следење на секој потег на нашите противници за тактички да ги надмудриме и на тој начин да победиме.
6. Долгорочна стратегија
- Прво, соработка со НТ селекторот, поранешниот и актуелниот. У21 тимот е преодна фаза за талентираните играчи. Во догледно време тие треба да ги бранат боите на нашиот А тим.
- Второ, квалитетот на У21 тимот да се одржува или подобрува со секоја наредна сезона. За тоа ги воведовме Годишните награди т.е награди за менаџерите кои најуспешно ги тренирале младите македонски таленти од 18, 19 и 20 години - потенцијалните идни У21 репрезентативци. Истовремено, формирање на голема база на играчи и редовно следење на нивниот развој така што во секој момент да знаеме со какви играчи потенцијално располага У21 тимот денес, и со какви играчи би располагал по 2-3 сезони.

Со овие 6 клучни предуслови, ви ги презентирам резултатите од мојот дво-сезонски мандат:
Сезона 12 - Европско првенство во Латвија
Македонија 104 - 107 Бугарија
Белгија 112- 120 Македонија
Македонија 71 - 119 Италија
Турција 100 - 71 Македонија
Македонија 102 - 109 Грција
Данска 97 - 115 Македонија
Албанија 115 - 128 Македонија

До оваа сезона нашиот највисок дострел беше 1 победа во европските првенства. Во сезона 12 ние остваривме 3 победи во 7 средби и поставивме нов стандард.

Сезона 13 - Утешен турнир
Македонија 84 - 132 Белгија
Хрватска 101 - 105 Македонија
Исланд 87 - 101 Македонија
Македонија 118 - 116 Мексико
Македонија 53 - 104 Швајцарија
Норвешка 101 - 113 Македонија
Македонија 108 - 85 Макао
Венецуела 83 - 105 Македонија
Македонија 56 - 89 Австрија

Во сезона 13, Македонија за првпат успеа да обезбеди настап во нокаут фазата т.е 1/16 финалето на утешниот турнир.

По 2 сезони, Македонија од 68ма, денес е 52ра на светската ранг листа. (можни промени 49-57). На крај, голема благодарност на Xsago, LA-dimac, Mr.Todosiev, dadimo и car4iiiiiiinja_____1 од скаутскиот тим, и благодарност за соработката на менаџерите кои тренираа (и што е уште поважно, сеуште тренираат) млади македонски играчи.

GM-bobans

Last edited by Onisifor at 9/21/2010 12:39:55 AM

Advertisement