Имаме долг список на играчи. Ги бараме вистинските. Вистински играчи не се само тие што имаат добра плата. Вистински играч е тој што:
1. Ги има потребните скилови (потребни скилови е варијабилна особина и зависи од тактичките планови)
2. Го има вистинскиот тим со посветен менаџер кој соработува
3. Тренира редовно и тоа САМО на една позиција
4. Го следи препорачаниот опсег на неделни минути „поминати на паркетот“ (од 50 до 75 минути неделно)
5. Покрај редовниот трениг тренира и на „неприродна позиција“ заради развој на секундарци.
6. Избегнува тренинг 1 на 1. Скиловите кои ги дава тој тренинг се добиваат секундарно од другите типови тренинзи кои се многу поважни (исклучоци постојат, но се ретки).
7. Одбрана! Ако нема одбрана тогаш играчот многу веројатно нема да биде во репрезентација. (никогаш не е доцна со тренирање одбрана).
И многу други фактори влијаат врз изборот на вистинските играчи.
Очекувајте серија опширни постови во македонскиот форум во наредните два дена. Ќе има многу интересни и корисни теми.
P.S. Не заборавајте уште ги бараме играчите и затоа не престанувајте со скаутирање. За почеток, една брза акција да изведеме. Отворете линк на еден македонски играч од вашиот тим. Кликнете на линкот кој што пишува „
Име и Презиме е пик X во сезоната Y во драфтот од Име на тимот“. Тоа ќе ве одведе на таблицата од драфтот за таа година. Во горниот десен агол одберете која сезона сакате да ја прегледате. Корисни информации може да даде драфтот од Сезона 8 (ќе даде играчи од 21 години ако тогаш имале 18) и драфтот од Сезона 9 (играчи до 20 години). Информации од Сезона 10 и овогодинешниот драфт (Сезона 11) се исто така потребни за базата на играчи од 18 и 19 години која сеуште е во формирање.
Кога еден играч од овие драфтови може да биде потенцијален кандидат за У-21?
Одговорот видете го во горниот дел на постот (иако дополнителни информации ќе објавам накнадно во специјализираните постови во наредните два дена).
Информации праќајте ми на
[email protected]. Тоа е мојот официјален ББ маил. Во наредните денови ќе објавам и информации за лица кои ќе бидат ангажирани за скаутирање и комуникацијата во иднина да биде директна со нив. Пријавувајте се за тоа на која позиција мислите дека најмногу може да помогнете.
Најважни позиции се скаутите. Потребни се скаути за:
1. 18 годишни играчи
2. 19 годишни играчи
3. 20 годишни играчи
4. 21 годишни играчи
Ако има потреба и посебен скаут може да биде 5. Скаут за млади играчи кои играат во странство
Советници за тренинг:
1. советник за тренинг на 18 годишни играчи (специјално ќе објавам текст за ова) - тимски ќе работи со скаутот за 18 годишни играчи.
2. советник за тренинг на 19-20 годишни играчи - тимски ќе работи со соодветните скаути.
3. советник за тренинг на 21 годишни играчи - специјализиран тип советник со специјални задачи. Тимски ќе работи со скаутот за 21 годишни играчи.
Советници шпиони (ова се многу интересни позиции):
1. советник-шпион на можни противнички играчи кој ќе има многу суптилна работа која бара активност на секои 2 дена. Ќе работи пред се на трансфер листата.
2. советник-шпион на противничките тимови во смисла на нивната игра.
Што повеќе луѓе вклучени тоа подобро за иднината на ББ Македонија.
Бидете активни до следниот пост.
Last edited by Onisifor at 3/29/2010 2:31:18 PM