Фала на честитиките Гари и Хип Хоп Царе, да ви се врати со поубаво :)
На крајот испадна дека џабе плачев после двете последователни нецелосно наместени тактики: против Том во купот наместена тактика но нормал место опуштено а 2 дена подоцна во лигашкиот дуел против Xsago наместено само опуштениот пристап. После неочекуваната елиминација на KK Pelister Sport и KK Dragons го имав истото чувство како и во сезона 15 кога прв пат играв финале на купот и за прв пат го освоив само тогаш не се викаа KK Pelister Sport и KK Dragons туку GEMIDZII Veles и baniran двата тима против кои сметав дека немам никакви шанси. Со нивната елиминација знаев дека се отвара шанса која мора да се искористи иако не беше лесно против Mercedes Benz сезонава а уште помалку лесно против Xsago Phantoms далечната веќе сезона 15. Околу тактиката за финалето нема да коментарам многу, ни кои се слабости во мојот тим ниту на противникот едноставно ќе кажам само дека ја избрав најдобрата можна тактика ако се земат во предвид сите слабости и јаки страни на двата тима а при тоа знаеме дека против себе имаме искусен и добар менаџер кој сака да се надигрува тактички. Кога ќе се добие финале со 8 разлика во ситуација кога стартниот Ц (темпераментниот N. Bichkovski ) прави 6-лични после само 21-минути поминати на паркетот а во финишот истото го направи и стартниот П (F. Zhuri) тогаш нема дилеми дека победата е заслужена и заслужува почит.
Честитки до моите играчи предводени од капитенот H. Zuna, ова е наша втора куп титула, а блескавите сезони за клубот допрва доаѓаат. Веќе неколку сезони го бараме наследникот на бековската позиција а не е исклучена можноста и за некое друго засилување.
Честитки и до противничкиот менаџер No-name (нашиот актуелен селектор на сениорите) за одличните игри во купот сезонава
Last edited by Dadimo at 10/10/2015 8:01:49 AM