Еве ме и јас да се јавам :). Амбициите уште на почетокот на сезоната ми беа јасни. Обид за освојување на купот, пласман во плејофот. Засега се е според планот. Dadimo e доста силен противник со кого имаме веќе долг ривалитет и ова е само продолжение на тоа. Baniran и Gemidzii Veles беа тимовите од кои и јас "се плашев", но сепак имав среќа да ги избегнам. Што се однесува до очекувањата за финалето, не би сакал да прогнозирам пред да ја видам ситуацијата со формата (како мојата така и на dadimo). Доколку формата на моите играчи е добра идната недела сметам дека имам големи шанси за триумф, во спротивно ќе биде тешко. Искрено очекував пораз од Piperkari така што и ова е веќе голем успех за мене (особено ако се земи во предвид дека мојот клуб е сеуште релативно нов и "млад").
Епа dadimo, подобриот нека победи!!!
P.S. Тошка немај гајле Cuculovski е во вистински раце :).