Според мене треба целиот сајт строго да биде преведен на литературен јазик. Ако во правописот на македонскиот литературен јазик ги има терминот „јаден“ тогаш тој термин останува. За терминот „промашај“ не треба да има место во ББ.
Ај друго прашање. Зошто сајтот изгледа изобличено на македонски? Некако многу посредено изгледа на англиски. Изгледа има врска со бројот на карактери за насловите на линковите. Кај нас се употребуваат изрази со голем број на карактери, а понекогаш и описен израз. На пример, Merchandise е преведено како „продадени дресови“. Прво, Merchandise не се преведува како продадени дресови, и второ продадените дресови не се единствениот приход во категоријата Merchandise. Merchandise се дресови, капчиња, шалчиња, реквизити, списанија, сувенири ... односно работи кои се купуваат од клупски продавници (вклучително и онлајн продавници). Можеме ли да најдеме пократок термин за ова? Би можело ли да стои „Трговија“? Поентата на муабетот ми е да направиме ревизија на употребената терминологија и да се трудиме кога ќе ги преведуваме клучните термини (оние со линкови) тоа да бидат што пократки зборови. На пример, зошто Game Manual кој на англискиот сајт стои во еден ред, кај нас со „Прирачник за играта“ стои во два реда? Зошто да не стои само „Прирачник“? Или на страницата „Управувај со тимот“ кај „Тековни трансфери“ во англиската верзија стои само „Prize“, а на македонски е „Моментална цена“. Зошто да не стои само „Цена“? Се подразбира дека е моментална. Под него на англиски е „Deadline“, а кај нас повторно развлечено „Аукцијата завршува“. Може кратко и јасно да стои „Рок“ или „Краен рок“. Затоа што се подразбира за што се збори: имаш тековен трансфер, на некој играч, по таа „Цена“ (во тој момент) и го имаш „Рокот (Крајниот рок)“ на трансфер аукцијата.
Секако, не мора овие предлози да се најдобри и се надевам ќе ги мотивира јазичните администратори, но и другите корисници да обрнат малку поголемо внимание на вакви ситни забелешки кои според мене ќе го разубават изгледот на сајтот на македонски.