BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > [Новина] Втор тим?!

[Новина] Втор тим?!

Set priority
Show messages by
This Post:
00
254117.38 in reply to 254117.35
Date: 4/4/2014 10:38:31 AM
StreetBasketMK
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
1515
Платив со Pay pal, лесно и едноставно.
Но си платив само за 2 тим, цената е 10 долара, годишно. Доста ефтино.

Мислам дека би требало да имаш порака која објаснува каде и што треба да направиш.
Одиш на supporter, избираш pay pal, избираш кој пакет, и тоа е се :).

Тимот се активира до 10 минути.

This Post:
00
254117.39 in reply to 254117.37
Date: 4/4/2014 10:41:26 AM
StreetBasketMK
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
1515
Профит нема :).
Едноставно имаш втор тим, кој што ќе се натпреварува во лига во која што сите тимови се водат од искусни менаџери. Нема ботови, нема победи од 50:00 :).

Тоа е предноста, но профит, никаков :).

Поздрав,
Панац

This Post:
00
254117.40 in reply to 254117.38
Date: 4/4/2014 10:49:45 AM
Overall Posts Rated:
2727
Problemot e vo toa sto nie od Makedonija, odnosno so karticka od Makedonska banka, ne mozeme da plakjame vo PayPal, ja nema Makedonija vo PayPal.

This Post:
00
254117.41 in reply to 254117.40
Date: 4/4/2014 12:23:25 PM
StreetBasketMK
MKD BB Elita
Overall Posts Rated:
1515
Незнам зошто, но да, помнам кога отворав акаунт на bet365 и таму неможеше со Македонската.
Идејата ми е, на доста места не ни е дозволено да користиме МКД visa electron, незнам зошто.
Јас платив со бугарска кредитна, без никаков проблем.

Поздрав,
Панац

From: Dadimo

This Post:
00
254117.42 in reply to 254117.36
Date: 4/4/2014 4:28:06 PM
Overall Posts Rated:
5555
А сега ќе се натпреварувате во лига во која има тимови од која било земја?

Не ти ја разбирам поентата. Ако бараш причини за да не бидеш заинтересиран за втор тим тоа си е лично твоја работа и ако сакаш можеш да си смислиш мал милион причини зошто не треба да отвориш втор тим.

Јас можам само да кажам кои се моите причини да отворам втор тим и да фрлам реални пари за тоа:

1. Можноста да имам уште еден тим каде ќе пробам да произведувам што е можно подобри Македонски репрезентативци.
2. Со првиот тим почнав сезона 8 со заостанување во однос на менаџерите кои почнаа порано. Еве ми сега шанса да почнам да играм во друга измислена земја Утопија од самиот почеток кога почнуваат и сите други конкуренти, а тоа е фер можност да се потрудам да бидам најдобар во светот. Конкуренцијата е неверојатно силна покрај голем број квалитетни и искусни менаџери од целиот свет но верувам во своите квалитети.

From: Onisifor

This Post:
00
254117.43 in reply to 254117.42
Date: 4/4/2014 5:27:54 PM
Overall Posts Rated:
203203
Konceptot Utopija liga kako sto uspeav da procitav znaci deka ligata moze da ja socinuvaat timovi od razlicni zemji. Prasanje bese dali dobro sum go razbral konceptot.

This Post:
00
254117.44 in reply to 254117.40
Date: 4/4/2014 5:59:53 PM
Overall Posts Rated:
5555
Јас ти кажав како може без PayPal директно со картичка од тутунска Visa Electron и ова нека биде последен пат да го објаснувам ова:
1. Вадите картичка од Тутунска Банка Visa Electron и ставате минимум 12 амерички далари колку треба за 1 година втор тим.
2. Клик на овој линк http://www.buzzerbeater.com/store/buysupporter.aspx и ја одбирате последната опција Добијте Supporter бесплатно! (нека не ве буни ова, не е бесплатно се си плаќате)
http://prntscr.com/3710op
3. Сте стигнале до тука:
http://www.buzzerbeater.com/store/buysupporter.aspx па кликате на линкот кој се гледа доле на сликава:
http://prntscr.com/3712jm во полето Супер Награди.
(Кликнете тука за да ја погледнете комплетната листа на понуди за вашата држава!)
4. Селектирате опција 12 долари за 1200 супортер поени, мора така бидеќи нема можност за точно 1000 супортер поени но тие 200 супортер поени што се вишок не ви пропаѓаат туку остануваат и можете да ги искористите следниот пат кога ќе го продолжувате вториот тим.
http://prntscr.com/371c0t
5. Откако го избравте износот на супортер поени што сакате да ги купите кликате под него на сликата каде имате кредитна картичка обоено со плаво:
http://prntscr.com/3715sj
и ви се отвара ваков формулар:
http://prntscr.com/3716cr
и го пополнувате целосно точно следејќи го упатството до крај со што ја вршите трансакцијата.
Ви земаат 12 долари од картичка а добивате 1200 супортер поени.
6.Сега веќе имате 1200 супортер поени па се враќаме на почеток, клик на овој линк:
http://www.buzzerbeater.com/store/buysupporter.aspx
и ги селектирате следните 2 работи што ги гледате на сликава:
http://prntscr.com/3717zl
а)http://prntscr.com/3718gy
б) клик најдоле каде што го гледате ова http://prntscr.com/3718nv

Ете толку е, не ви треба PayPal.
После ќе добиете ББ мејл како да го активирате вториот тим.



Last edited by Dadimo at 4/4/2014 6:19:50 PM

From: Dadimo

This Post:
00
254117.45 in reply to 254117.43
Date: 4/4/2014 6:18:11 PM
Overall Posts Rated:
5555
Konceptot Utopija liga kako sto uspeav da procitav znaci deka ligata moze da ja socinuvaat timovi od razlicni zemji. Prasanje bese dali dobro sum go razbral konceptot.

Да, како го активираш тимот така те вметнуваат во следната лига која има слободно место а се натпреваруваш со тимови кои ги водат менаџери од целиот свет, нема поделба по региони, континенти и слично.
Буквално целиот свет собран на едно место а играчите што се добиваат на стартот се утопијци по националност и такви се добиваат и од драфтот пред крај на сезоната :)

From: Dadimo

This Post:
00
254117.46 in reply to 254117.43
Date: 4/4/2014 6:25:59 PM
Overall Posts Rated:
5555
Извини што претходно погрешно те разбрав а можете и самите да се уверите што како е :
1. Мојот тим: (276013)
2. Мојата лига : http://www.buzzerbeater.com/league/17664/overview.aspx

Воглавно се е исто, имаш куп, лига, драфт итн. само нема да има репрезентација Утопија барем сега засега додека не одлучат поинаку (ако воопшто одлучат такво нешто).

From: Xsago
This Post:
00
254117.47 in reply to 254117.46
Date: 4/22/2014 5:43:15 AM
Overall Posts Rated:
128128
Ќе видиме генерално јас отсекогаш сум бил заинтересиран за да се покажам наново со нов тим против јака конкуренција, ама некако не ми се даваа пари :) Можеби во иднина :)

From: Dadimo

This Post:
00
254117.48 in reply to 254117.47
Date: 4/22/2014 7:27:42 AM
Overall Posts Rated:
5555
Ќе видиме генерално јас отсекогаш сум бил заинтересиран за да се покажам наново со нов тим против јака конкуренција, ама некако не ми се даваа пари :) Можеби во иднина :)

Ако доаѓаш доаѓај порано да не ти избегаат со квалитет тимовите кои почнаа порано, а не е толку скапо за втор тим, само 10 долари за цела година ;)

Advertisement