Почитувани менаџери, драфот се спроведе и новите играчи се веќе дел од вашиот тим. Младинската репрезентација (гледано во перспектива секако и сениорската) е особено заинтересирана за иднината на овие играчи. Прочитајте го водичот подолу за направите проверка на вашите играчи:
Одлични драфтувани играчи:
- Најдобро е 18 години, но би можело и 19.
- Потенцијал allstar е солидно, а се' над allstar е одлично.
до 196 висина (+/- една вештина во примерот):
СШ 6+ НШ 6+
НО 6+ ТХ 4+
ПР - ДО 6+
ВШ - ВО -
СК - БЛ -
Висина 206 и повеќе (+/- една вештина во примерот):
СШ - НШ -
НО - ТХ -
ПР - ДО -
ВШ 6+ ВО 6+
СК 6+ БЛ 4+
Висина 196 - 203 (+/- една вештина во примерот)
СШ 5+ НШ 5+
НО 5+ ТХ -
ПР - ДО 5+
ВШ 5+ ВО 5+
СК 5+ БЛ -
Вештините означени со "-" не се од најголема важност, но ако нивната вредност е 4+ сериозно му ја зголемува вредноста на играчот.
Мал неформален водич - проценка по плата: груба проценка за квалитетот на извлечениот играч може да се направи и според платата. Ако играчот има плата 3000+ се смета дека има добра основа за напредување. Доколку имате извлечено играч со плата 3000+, а не ги исполнува горенаведените критериуми, тогаш контактирајте го селекторот (или скаутите) и побарајте мислење.
--
--
Ги повикувам сите менаџери кои последниот драфт имаат извлечено талентирани играчи токму во овие денови да донесат одлука за нивните играчи:
1. ако одлучите да ги тренирате -- тогаш редовно да ги тренирате (пратете порака до селекторот на младинската репрезентација и известете го дека ќе го тренирате играчот -- побарајте и мислење/совет за планот за тренинг);
2. ако одлучите дека нема да ги тренирате (немате тренинг место во вашиот тим) ставете ги веднаш на трансфер.
Немојте да ги чувате талентите во тимот само за да ви пополнуваат место. Тоа не се исплаќа бидејќи:
o 18 годишен талент кој не се тренира само пропаѓа во вашиот тим и со тоа и одмагате прво на младинската, а долгорочно и на сениорската репрезентација.
o никој 18 годишен со искуство 1 не е подобар од играч со исти вештини и поголемо искуство. Дополнително, поискусните со исти/слични вештини чинат поевтино на трансфер пазарот бидејќи се постари (внимателно разгледајте го пазарот);
o подобро е веднаш на трансфер бидејќи како минат неделите вредноста на вашиот играч опаѓа (бидејќи не тренира) - > менаџери кои бараат таленти за тренирање најмногу ги бараат во првата/втората недела од сезоната.
--
--
Менаџерите кои немаа среќа со драфот, а имаат потреба од тренинг-играч нека ја следат трансфер листата. Секоја сезона доста квалитетни млади таленти (желни за тренинг, напредок и самодокажување) излегуваат на пазарот. Одберете македонски талент и, преку тренирање, произведете македонски продукт!
Last edited by Onisifor at 1/15/2011 4:20:45 AM