BuzzerBeater Forums

BB Makedonija > U21 Makedonija

U21 Makedonija (thread closed)

Set priority
Show messages by
This Post:
00
149768.79 in reply to 149768.1
Date: 2/7/2011 2:05:48 PM
Overall Posts Rated:
203203
Ги победивме Нов Зеланд (13898). Савески беше највозбуден пред натпреварот и делеше шамари на противниците па во 23тата минута си седна на клупата со 6 лични грешки. „А вие мислите дека ова е случајно? 23?! Ти текнува?“ - изјави Савески по натпреварот. Останува да нагаѓаме дали мислеше на „неговата височина“ или на „кралот“. Или којзнае што мислеше Савески.

Пет играчи постигнаа двоцифрен број поени, а свое шоу имаше Zlatev кој за 25 минути поминати на паркетот постигна дури 31 поен со импресивен шут за 3 поени (6 - 9). Браво за Zlatev. Тој е играчот на натпреварот.

This Post:
00
149768.80 in reply to 149768.79
Date: 2/7/2011 4:18:25 PM
Overall Posts Rated:
2929
ispadna kako sto kazav deka rezervite ke ja resat utakmicata. Cestitki za pobedata

From: gorge

This Post:
00
149768.81 in reply to 149768.80
Date: 2/8/2011 3:39:11 AM
Overall Posts Rated:
1111
hahahha za Saveski jas sum kriv go nalutiv nesto pred utakmicata se skaravme malku ama ke se smirime nie denes za ligaskata utakmica i drugiot natprevar za reprezentacijata se ke bide vo red ke vidis selektore pozz :D

This Post:
00
149768.82 in reply to 149768.1
Date: 3/1/2011 5:34:13 AM
Overall Posts Rated:
203203
За тренерите на високи играчи: на трансфер листа има многу талентиран 18 годишен играч со потенцијал „МВП“ кој бара нов клуб кој ќе му овозможи редовно тренирање. Играчот има карактеристики во иднина да постане важен член на репрезентациите.

Last edited by Onisifor at 3/1/2011 8:03:31 AM

This Post:
00
149768.83 in reply to 149768.82
Date: 3/14/2011 10:16:14 AM
Overall Posts Rated:
2929


Sakam sostav za vecerasnata utakmica sto ke ostvari pobeda. Nemoj i ti kako Dimac da zaboravis. POZZ do utakmicata. Jas sum na tribinite. Davaj gratis karti da ne ima sto povejke.

This Post:
00
149768.84 in reply to 149768.1
Date: 3/21/2011 12:23:00 PM
Overall Posts Rated:
203203
Пријателски натпревар помеѓу младите селекции на Македонија и Србија:
http://www.buzzerbeater.com/match/14343/reportmatch.aspx

This Post:
00
149768.85 in reply to 149768.84
Date: 4/10/2011 1:26:51 PM
Overall Posts Rated:
203203
Talentiran makedonski centar i momentalen U21 reprezentativec na TL (15024164). Se bara trener na centri...

This Post:
11
149768.86 in reply to 149768.85
Date: 4/16/2011 9:43:50 AM
Overall Posts Rated:
203203
Брза акција
Поздрав до сите,

на репрезентациите им се потребни скаути за извршување на една мисија. Работата треба да ја извршиме брзо и ефикасно. Се што треба да направиме е проверка на сите лиги во ББ Македонија. Проверуваме во кои лиги има активни корисници.

Постапка на проверка
- Го користиме постот на gari: (177686.1) и отвараме лига по лига.
- Кај секоја лига се отвораат двете конференции (Сината - Запад и Црвената - Исток)
- Се врши проверка на последното логирање на секој тим (кајшто пишува „исклучен од:“)
- Кај тимовите кои немаат сопственик (бот тимови) нема да најдете таква информација (празно е полето)

Како ги оценуваме лигите?
Минимум критериум за активност на еден тим е да биде најмногу исклучен од: 30 дена (еден месец) од датумот на проверка! Доколку еден тим е исклучен во изминатите, пример 15 дена тој ќе го сметаме за активен, па според тоа и лигата ќе ја сметаме за активна.

Ако во некоја лига не најдеме активен тим, т.е сите се ботови, за таа лига пишуваме „неактивна“.
Пример IV.64 - неактивна

Исто така, ако во некоја лига најдеме дека има тимови, но нема ниту еден тим кој бил логиран во последните 30 дена од проверката, повторно пишуваме „неактивна“.

Секако, доколку за некоја лига најдеме дека постои активен тим, за таа лига пишуваме „активна“. Пример, кај IV.10, во конференцијата Исток, гледаме дека тимот Iliret е исклучен од 27.03.2011 и пишуваме III.10 - активна.

Зошто баш 30 дена го користиме како граница?
Од примерот со тимот Iliret јасно е дека тој тим не изгледа на активен. Не е вклучен веќе 20тина дена, нема ниту еден трансфер... но зошто за таков тим лигата ќе ја крстиме „Активна“?

Тоа е затоа што може по некоја случајност, овој тим автоматски да извлече некој суперталентиран 18 годишен играч од драфтот. Работата на селекторот ќе биде да го препознае таквиот играч и да се обиде да го спаси! Единствен начин да се спаси таков играч е да се повика во репрезентацијата, но тоа да се направи пред тимот да стане бот!. Ако тимот стане бот, тогаш нема можност да се повика во репрезентација.

Колку за информација, на ваков начин успеавме да го спасиме Bozhin Isirov (16968900) кој денес добива редовен тренинг кај gorge.

Организирање на акцијата
Нема потреба да ги проверуваме лигите MKD BB Elita и вторите лиги. Знаеме сите дека таму се активни тимовите.
Одиме со проверка на третите и четвртите лиги.

Вкупно за проверка се 96 лиги, па ни требаат луѓе за да си ја олесниме работата.

Кој сака да помогне слободно нека се пријави тука на оваа тема и веднаш нека почне со работа!

Првиот што ќе се пријави нека ги земе:
III.1, III.2, III.3, III.4, III.5, III.6, III.7 и III.8 Лигите

Вториот, од III.9 до III.16
Третиот, од IV.1 до IV.8
Четвртиот, од IV.9 до IV.16
Петтиот, од IV.17 до IV.24
Шестиот, од IV.25 до IV.32

итн ... секој по 8 лиги е доволно за почеток.

Зошто ни треба оваа акција?
Наближува драфот и селекторите ќе треба да извршат проверка на талентираните нови македонски играчи. Доколку селекторите знаат дека во лигата IV.18 нема ниеден активен тим тогаш ќе го скратат времето за проверка и побрзо ќе ја завршат својата работа на почетокот на сезоната.

Заеднички во создавање на посилна ББ Македонија!

P.S. Имајте предвид дека капацитетот на спасувачката акција е ограничен на 4 до 5 играчи по сезона. Сите не можеме да ги спасиме, но да се обидеме тоа да го направиме барем за некои играчи.

This Post:
00
149768.87 in reply to 149768.86
Date: 4/16/2011 2:18:22 PM
Overall Posts Rated:
1313
Ajde bobane jas sum podgotven celosno za ovaa odgovornost ;)
pozdrav

This Post:
00
149768.88 in reply to 149768.87
Date: 4/16/2011 2:45:36 PM
Overall Posts Rated:
203203
Акцијата се вика брза - значи бргу да се заврши ... лапај ги првите 8 лиги...

This Post:
00
149768.89 in reply to 149768.88
Date: 4/16/2011 3:00:41 PM
Overall Posts Rated:
2727
Јас ке бидам фториот.

Advertisement