По продажбата на Ognjakovski (и Cirillo), приходот од продадените дресови оваа недела ми изнесува $ 78 089.
Претходната недела тој изнесуваше $ 156 331.
За споредба, оваа недела моите трошоци за плати се $ 228 244.
Претходната недела, изнесуваа $ 553 234.
Мојот првичен впечаток е дека сумата од продадените дресови е повеќе врзана за платите на играчите, отколку за нивните скилови. За да се потврди оваа констатација ќе треба или 1) да го почекам ажурирањето на платите за сезона 14, или 2) да купам играчи со идентични скилови како Ognjakovski и Cirillo, но со нивни помали (неажурирани) плати - нормално со одредено процентуално одбивање поради познатиот статус на Ognjakovski во мојот тим (NT репрезентативец + Македонец + Играч драфтуван од мојот тим). За втората варијанта најверојатно не сум спремен да експериментирам. Првата ќе си дојде сама по себе.
Коментар...?